ЛШ: Историска победа на Барселона над ПСЖ, а Борусија Дортмунд ја совлада Бенфика

- Спорт
1028

Иако ПСЖ беше со едната нога во четвртфиналето на Лигата на шампионите уште по првиот натпревар кој се одигра во Франција со оглед на тоа што имаше водство од 4:0, Барселона имаше предност од 3:1 која имаше мало значење со оглед на тоа што требаше да постигнат уште три гола, но на крајот на нестварен начин успеа три пати да ја погоди мрежата во периодот од 88-та до 95-та минута.

Што се однесува до вториот осминафинален натпревар кој остана во втор план, Борусија ја декласираше Бенфика со 4:0 и со вкупен резултат од 4:1 се пласираше во четвртфиналето на Лигата на шампионите. Обамејанг беше херој со трите гола кои ги постигна, а во листата на стрелците се запиша и Пулишиќ.

Facebook Коментари