ЛШ: Победи и на машката и женската екипа на Вардар

- Спорт
1019

Со триумф од 32-29 над Кристијанштад, екипата на Вардар го заврши натпреварувањето од групната фаза на лигата на шампионите, освојувајќи го првото место и потврдувајќи го директниот пласман во четврт-финалето.

По четврти пат по ред Вардар ќе игра во Топ-8 фазата. Натпреварите меѓу Вардар и Кристијанштад секогаш изобилувале со голови. Растоварени од притисокот на важноста бидејќи беше однапред осигурано првото место во групата, освен играњето за сопствениот имиџ и за публиката, вардарци од сам почеток најавија дека се расположени за надигрување.

Како машката екипа така и женската екипа на Вардар се првопласирани во А групата и ќе влезат во четврт-финалето на ЛШ, откако во последниот меч од главната фаза на домашен терен го победи Турингер со 36-26 (19-12). Првпат вардарки во четврт-финалето тргнуваат од првата позиција во својата група и се на чекор до четвртиот пласман на Ф4 турнирот.

Противник на Вардар во четврт-финалето од ЛШ ќе биде дански Митјилад.

Facebook Коментари