ЛШ: Вардар загуби од екипата на Веспрем

- Спорт
654

Eкипата на Вардар загуби од унгарски Веспрем во рамките на Лигата на Шмапионите со резултат 29:27.

Нашите ракометари одиграа одлично прво полувреме и на одмор отидоа со резултат 16:11. За време на првите 60 минути извонреден учинок имаше голамнот Дејан Милосављев кој забележа 11 одбрани. Но второто полувреме донесе сосема поинаква состојба на теренот. Ракометарите на Веспрем направија голема серија и успеаа да израмнат на 17:17. Потоа продолжија да доминираат и на крај славеа со 29:27.

Следниот меч Вардар  го игра на гостински терен кај Кристијанштад, а со вечерашниот пораз го загуби второто место во групата.

Strugaonline

 

 

Facebook Коментари