ЛШ во фудбал: Вечерва први четвртфинални пресметки

Во Торино се игра еден од најинтересните пресметки во четвртфиналната рунда. Јувентус ја пречекува Барселона која и гостува на „старата дама“ по поразот од Малага викендов во домашното првенство. Воедно ова е реприза на финалето од 2015 година кога во Берлин славеше Барселона со 3-1.
Барселона важи за фаворит во овој двомеч, додека Јувентус гледа шанса во добрата форма и одличните настапи на Игуаин и Дибала. Екипата од Торино нема пораз на натпреварите под капата на УЕФА 21 меч во низа каде запиша 12 победи и 9 нерешени.
Во Дортмунд, Борусија го пречекува Монако, каде аналитичарите сметаат дека шансите за пласман во полуфиналето на двете екипи се подеднакви, а воедно овие две екипи за прв пат се среќаваат во Лигата на шампионите.
Натпреварите, Јувентус – Барселона и Дортмунд – Монако започнуваат од 20-45 часот.

