Во првиот четвртфинален натпревар, ракометарките на Вардар предводени од Станковски и Кокшаров гостуваа во Икаст каде извојуваа побдеа на екипата на Митјиланд со резултат 28-26 (18-12) со која се чекор поблиску до пласман на „фајнал 4“ турнирот во Будимпешта.
Најпрезицна во таборот на Вардар беше Пенезиќ со 7 погодоци, додека кај домашната екипа Јенсен постигна 5. Возвратниот дуел помеѓу овие екипи со кој ќе се одлучи која екипа ќе патува на завршниот турнир е закажан за сабота во терминот од 17:30 во „Јане Сандански“.
Екипата на Мец стигна до своето прво четвртфинале годинава и успешно го заврши првиот натпревар совладувајќи го унгарски Ѓер со 32-31 (16-16). Последните минути од натпреварот беа напнати каде падна концентрацијата во екипата на Мец, а гостите преку погодокот на Нора Морк на дваесет секунди пред крајотдојдоа и до изедначување 31-31, но домашните ракометарки беа прецизни во последниот напад за конечни 32-31. Најефикасна во составот на Мец беше Ана Грос со 10 погодоци, екипата на Ѓер ја предводеше Нора Морк исто така со 10 погодоци.
Екипата на Будуќност на домашен терен убедливо триумфираше над Ларвик 31-17 (14-9) и е сигурен патник на Ф4 турнирот во Будимпешта.
Двете полувремиња минаа во знакот на домашната екипа која во ниту еден момент не му дозволи на противникот да направи нешто повеќе. До крајот на натпреварот ракометарките на Будуќност не само што ја одржуваа предноста туку и ја зголемија за конечни 31-17
Најефикасна во екипата на Будуќност беше Кристина Неагу со 10 погодоци, а Драгана Цвијиќ постигна 6. Во екипата на Ларвик најефикасна беше Тине Станге со 7 погодоци.
Facebook Коментари