Македонија денес против Катар за втора победа на Мундијалот
Машката репрезентација на Македонија денеска ќе има нов предизвик на Светското првенство 2025 во Данска, Норвешка и Хрватска.
Катар во првото коло од главната фаза одигра неизвесен натпревар со Холандија и загуби со гол во последната секунда, додека Македонија со голот на Филип Кузмановски дојде до бод против Австрија.
Денешниот натпревар ќе биде од големо значење за нашите момци, со евентуална победа ќе имаат големи шанси да обезбедат добар пласман на Мундијалот.
На денешната програма на Светското првенство ќе има уште пет натпревари, а интересно се очекува да биде на мечот меѓу Австрија и Унгарија.
Распоред на денешните натпревари на Светското првенство:
15:30 Македонија – Катар
15:30 Тунис – Чешка
18:00 Италија – Германија
18:00 Холандија – Франција
20:30 Данска – Швајцарија
20:30 Унгарија – Австрија
StrugaOnline

Македонија во второто коло од главната фаза ќе игра против репрезентацијата на Катар, предводена од Веселин Вујовиќ.