Лев банер Десен банер

Македонија го освои деветтото место на Светското првенство за кадети во Хрватска

Машката кадетска репрезентација на Македонија го освои деветтото место  на Светското првенство во Хрватска во конкуренција од 32 репрезентации.

Избраниците на Раде Стојановиќ во дуелот против Чешка одиграа на висина на задачата и славеа со резултат 28:22.

Најефикасен во нашиот тим  беше стружанецот  Мирче Калајџиески со 12 погодоци, осум постигна  Давид Димевски, четири реализираше Марио Стојковски.

Освен Чешка, Македонија ги победи и екипите на Црна Гора, Грузија, Австрија и Унгарија, а загуби од Норвешка и Данска.

Strugaonline

фото: РФМ

 

error: