Лев банер Десен банер

Македонија ја победи Франција и го освои деветтото место на ЕП за играчи до 20 години

Со победа над селекцијата на Франција, Младинската ракометна репрезентација на Македонија го заврши настапот на Европското првенство за играчи до 20 години и го освои деветтото место.

Во СС „Головец“ во Целје, Словенија, избраниците на селекторот Раде Стојановиќ со резултат 30:29 славеа против Франција.

На ова ЕП нашата селекција стартуваше со победа над Црна Гора (31:21), па ремизираше со Хрватска (24:24) и Австрија (20:20).

Следуваа уште две победи во разигрувањето за пласман од 9-16 место над Полска (28:26) и Романија (31:26), и имаше само еден пораз на шампионатот  од Франција (25:18) против која нашите ракометари успешно се реваншираа.

Strugaonline

фото: РФМ

error: