Македонската кадетска репрезентација забележа уште една победа на Светското првенство во ракомет за кадети што се одржува во Хрватска. Нашите ракометари славеа со резултат 22-20 над силната селекцијата на Унгарија и обезбедија дуел за деветто место на Мундијалот.
Најефикасни во нашиот тим со по пет погодоци беа Мирче Калајџиески и Александар Петковски, додека на голот одличен беше Иван Галевски, тој забележа 11 одбрани и заслужено ја доби наградата МВП за најдобар играч на натпреварот.
Претходно, Македонија ги победи екипите на Црна Гора, Грузија и Австрија.
Strugaonline
Facebook Коментари