Македонија не успеа. Шпанија, Франција и Словенија во четвртфинале

- Спорт
733

canellas

Франција, Шпанија и Словенија и се придружија на Норвешка во четвртфиналето на 25-то Светско првенство во ракомет. Фрнацузите и Словенците забележаа сигурни победи над Исланд односно Русија, додека Шпанците во драматичен финиш го совладаа Бразил.

Словенија, во второто полувреме, со убедлива игра успеа да слави над Русија 32:26. Словенците второто полувреме го добија со 19:11. Следен противник на Словенците ќе им биде Германија или Катар.

На сличен начин домаќинот Франција се справи со Исланд. Французите имаа 14:13 на полувреме, а на крајот славеа со 31:25. Франција во четвртфиналето ќе игра со победникот од дуелот помеѓу Белорусија и Шведска.

Норвашка која во осминафиналето славеше над Македонија со 34:24, во четвртфиналето ќе игра против Данска или Унгарија.

Facebook Коментари