Maкедонија славеше во првиот контролен меч против Италија

- Спорт
865

Maкедонските ракометарки вчера на домашен терен го одиграа првиот од двата предвидени контролни натпревари со селекцијата на Италија и постигнаа победа со краен резултат 26:23.

Во првото полувреме нашите ракометарки не се покажаа во најдобро светло, па на одмор отидоа со четири голови негатива односно резултат 8:12.

Целосен пресврт следеше во второто полувреме, кога  Македонија тргна кон остварување на својата цел и победи.

Најефикасна беше Сара Ристовска со седум постигнати гола, додека по пет постигнаа Јована Саздовска и Марија Штериова.

Вториот контролен меч со Италија се игра денеска во 16:00 часот.

Strugaonline

фото: РФМ

 

Facebook Коментари