Лев банер Десен банер

Македонија со победа го започна Светското првенство 2019

Maкедонската репрезентација победнички го започна настапот на Светското првенство во ракомет совладувајќи ја селекцијата на Јапонија со резултат  38:29. Нашите ракометари имаа целосна доминација над противниците. Неизвесни беа првите десет минути од натпреварот, а потоа Македонија го наметна своето темпо. Нашите ракометари на одмор отидоа со резултат 18:13, а на почетокот на вториот дел Јапонија влезе во форма и ја стопи оваа предност. Нашите ракометари имаа само мала криза и брзо се вратија со ефективна игра, а со тоа ја вратија и својата предност.

МАКЕДОНИЈА – ЈАПОНИЈА       38:29 (18:13)

Олимписка сала во Минхен. Судии: Вацлав Хорачек и Јиржи Новотни од Чешка.

МАКЕДОНИЈА: Ристовски (19 одб.), Митревски, Манасков 7/11, Стоилов 6/8, К. Лазаров 8/14, Чурлевски, Талески 3/4, Маркоски, Кузмановски 4/9, Танкоски, Георгиевски 1/1, Ф. Лазаров 2/2, Крстевски, Поповски 3/3, Пешевски 4/4, Серафимов 0/2.

Седмерци: 4/5, Исклучувања: 8 мин.

ЈАПОНИЈА: Кубо (8 одб.), Каи (1 одб.), Мијазаки 3/4, Касахара 2/3, Јуки 2/3, Нарита 2/3, Токуда 2/6, Ватанабе 5/6, Анри Дои 2/2, Шида 4/10, Мотоки 0/1, Тамакава 1/1, Окамото 1/2, Јошино 2/6, Агари 2/3, Кадојама

Седмерци: – , Исклучувања: 6 мин.

Strugaonline

фото: 24 ракомет

error: