Македониoската фудбалска репрезентација на гости во Ереван убедливо славеше над селекцијата на Ерменија со 5-0, а Романија на домашен терен одигра нерешено (0:0) во дуелот против Исланд, селекција против која во недела во Скопје, репрезентацијата на Македонија ќе атакува на победа и пласман во баражот.

„Имаме уште еден натпревар до крајот на циклусот, што ќе се случи по него, ќе видиме в недела. Мислам дека не ни пречи киксот во Рејкјавик, одиме од меч во меч, никој не очекуваше од нас освен самите ние, дека ќе се вратиме на овој начин. Овие момци затоа беа и на ЕП, покажуваат дека се квалитетни. Никој не знаеше во Рејкјавик како ќе се одвиваат квалификациите. И тој натпревар го одигравме на високо ниво, но индивидуалните грешки се составен дел од играта. Одиме понатаму, се што е зад нас оставаме таму, а сега ни следи последниот меч со Исланд“, изјави селекторот Благоја Милевски.
Во пресрет на последното коло, Македонија е на втората позиција во Ј групата со 15 бодови, еден повеќе од Романија, а три од Ерменија.
Со победа над Исланд македонските фудбалери би ја потврдиле втората позиција на табелата.
Дуелот, Македонија – Исланд ќе се игра во недела на Националната арена „Тодор Проевски“ во 18:00 часот.
Facebook Коментари