Лев банер Десен банер

Maкедонија со убедлива победа над Фарски Острови се пласираше на СП 2025

Македонската ракометна репрезентација синоќа го совлада националниот тим на Фарски Острови со 34:26 и се пласира на Светското првенство следната година. Разликата од осум голови беше доволна да се анулираат седумте негатива од првиот дуел од баражот за Светското првенство одигран во средата на гостински терен кој Фараните го добија со 34:27.
Селекторот Кирил Лазаров постави извонредна игра, како во нападот, така и во одбраната. Македонците покажаа голема борбеност, беа агресивни во дуелите, играа трпеливо во нападот и на крајот заслужија мундијалски билет. По првите триесет минути Македонија водеше со 19:15, во 37. минута ги имаше посакуваните +7, а во неколку наврати водеше и со девет разлика.
Жарко Пешевски со осум погодоци беше најефикасен во победничкиот состав. Се истакнаа и Филип Кузмановски со седум, Марко Митев со шест и Мартин Серафимов со пет погодоци.
За „црвено-жолтите“ следното Светско првенство ќе биде деветти, по седумнаесетти пат ќе играат на голем ракометен настан, а задржан е и континуитетот на учество на големите натпреварувања кој трае од 2012 година.

error: