Машката репрезентација на Македонија ја очекува тешко гостување во Словенија во натпреварот од 4 коло во квалификациите за ЕП 2026.

Најавени се околу 120 навивачи кои од Љубљана ќе патуваат за Копер со два автобуси, плус уште многу што ќе патуваат со сопствен превоз, а во овој приморски град веќе се пријавени околу 500 навивачи што ќе бидат дел од настанот во фан-зоната. Најавено е доаѓањето и на „Македонската фаланга од Виена“, како и на навивачи од околните земји.
Натпреварот е закажан за 16 март во салата „Бонифика“ од 18:30 часот, а македонските навивачи ќе се потрудат да им бидат ветар во грб на ракометарите во битката за изненадување на гостински терен во Словенија.
StrugaOnline
Facebook Коментари