Вечерва со почеток од 20:30 часот, во арената во Вараждин Македонија против селекцијата на Чешка ќе го одигра вториот дуел од главната фаза на Европското првенство во Хрватска.
После поразот од Шпанија, ова е важен натпревар и со евентуална победа Македонија би успеала да ги зачува шансите за полуфинале. Најверојатно се до вечерва нема да има официјална потврда дали Кирил Лазаров е во состојба да игра после повредата на натпреварот со Шпанија.
Се очекува на теренот да се врати Филип Миркуловски кој беше поштеден на неделната средба со Шпанија.
Strugaonline
Facebook Коментари