Македонија во 1/8 финале, благодарение на Словенија

- Спорт
794

france 2017 handball

Ракометерите на Словенија и Тунис одиграа нерешено 28-28 во четвртиот натпревар од „Б“ групата, и со ова реми на Македонија и се отворија вратите за пласман во следната осминафинална фаза на СП.

Македонија во дирекетен дуел со Исланд ќе се бори за третото место во групата и за избегнување на првиот од групата „А“ во осминафиналето.

Резултати на дуели одиграни вчера:

Норвешка – Бразил 39:26, Полска – Јапонија 26:25, Русија – Франција 24:35 (А група);

Словенија – Тунис 28:28, Исланд – Ангола 19:33 (Б група);

Германија – Саудиска Арабија 38:24 (Ц група);

Катар – Аргентина 21:17 (Д група).

Табела А група: Франција 8 бодови, Норвешка 6, Русија 4, Бразил 4, Полска 2, Јапонија 0.

Табела Б група: Словенија 7, Шпанија 6, Македонија 4, Исланд 3, Тунис 2, Ангола 0.

Табела Ц група: Германија 6, Хрватска 6, Унгарија 2, Белорусија 2, Чиле 2, Саудиска Арабија 0.

Табела Д група: Данска 6, Шведска 4, Египет 4, Катар 4, Бахреин 0, Аргентина 0.

Македонската ракометна репрезентација вечерва од 20.45 минути ќе го игра својот четврти натпревар на СП против селекцијата на Шпанија.

Facebook Коментари