Македонија загуби од Фарски Острови, реваншот е на 12-ти мај во Скопје

- Спорт
328
Македонската ракометна репрезентација доживеа голем пораз од 34:27 на првиот бараж натпревар против Фарски Острови за Светското првенство во јануари следната година.
„Фарски Острови беше подобар противник на вчерашниот натпревар и заслужено победи. Ни направија многу проблеми и во нашиот напад каде бевме приморани да играме „седум на шест“ доста време, а не сакавме да играме на тој начин.
Нивниот напад беше технички скоро перфектен, иако бевме спремни за нивниот систем на напаѓање, сепак истите работи поминуваа.Нема да губиме надеж и ќе веруваме до крај. Имаме неколку дена да се консолидираме и да пробаме да ја анлуираме негативата од седум гола.“-изјави селекторот Кирил Лазаров.
Тој додаде дека подрршката од публика сега е потребна како никогаш досега.
Реваншот се игра на 12 мај во СЦ „Борис Трајковски“ со почеток од 19:00 часот.
Strugaonline
фото: архива

Facebook Коментари