Лев банер Десен банер

Mакедонската фудбалска репрезентација бележи значаен напредок на ранг листата на ФИФА

Фудбалската репрезентација на Македонија бележи нов напредок на најновата ранг листа на ФИФА односно од 103-то место во септемвриското рангирање, сега се наоѓа на 85-та позиција.

Овој успех се должи на ремито со четирикратниот Светски првак Италија како и триумфот од 4:0 против Лихтенштајн во последните два квалификациски меча за СП Русија 2018.

Што се однесува до првите позиции, ситуацијата е непроменета, се уште лидер е Германија, на вице-шампионската позиција е Бразил, а потоа следат Португалија, Аргентина, Белгија и Полска.  Франција има напредок од едно, а Шпанија од три места односно овие две земји сега се на седмото и осмото место, а успешната фудбалска десетка ја заокружуваат Чиле и Перу.

 

error: