Македонската фудбалска репрезентација денеска оди во Букурешт
Македонската фудбалска репрезентација денеска со чартер лет ќе замине во Букурешт, каде ќе ги одигра двата од три натпревари во групата на Европското првенство против Австрија и против Украина.

Цел тим беше тестиран, сите тестови се негативни, што значи дека за среќа патуваат во комплетен состав.
Македонија на 13. јуни игра против Австрија, а четири дена подоцна и претстои натпреварот со Украина.
Потоа заминуваат заАмстердам, каде е последниот натпревар од групата против Холандија кој се игра на 21. јуни.

