Еден од клучните натпревари за нашата репрезентација во квалификациите за пласман на Европското првенство во Хрватска 2018 година. Стариот и добар познаник Исланд, стои на патот на нашите репрезентативци, по високиот пораз против Чешка во претходното коло, црвено-жолтите немаат право на нов кикс, поготово не на најжешкиот терен во ракометна европа, Борис Трајковски.
Новиот кормилар Раул Гонзалез ќе дебитира против сериозна селекција, па така поддршката од трибините ќе биде добредојдена како за него така и за сите наши ракометари.
Исланд долги години беше пречка која ни застануваше на патот кон пласман на ЕП или СП. Се до далечната 2008 година кога во неверојатна атмосфера во Борис Трајковски, Македонија на изненадување на целата ракометна јавност го декласираше Исланд 34-26. На гостувањето во Рејкјавик, ,,рибарите” не совладаа 30-24 со разлика која нам ни одговараше и не однесе на Светското првенство во Хрватска.
Натпреварот се игра на 4 мај, четврток во спортскиот центар „Борис Тракоски“ во Скопје.
Facebook Коментари