Македонската ракометна репрезентација славеше над Луксембург

- Спорт
411

Македонија го победи Луксембург со 28:23 во натпревар од петтото коло од квалификациите за ЕП 2024 година и со тоа е веќе на чекор до второто место во квалификациската група. Со оваа победа Македонија е блиску до ново учество на Европско првенство, кое треба да се верификува во недела против Турција.

Дури и пораз до девет гола разлика ја остава Македонија на второто место во групата и трет шешир пред ждрепката за групите на Европското првенство.

Мечот меѓу Македонија и Турција ќе се игра во СЦ „Борис Трајковски” во недела со почеток во 18:00 часот.

 

Facebook Коментари