Maкедонската репрезентација падна за три места на најновата ФИФА листа
Репрезентацијата на Македонија забележа пад од три места во споредба со минатиот месец, и сега се наоѓа на 68-та позиција со 1362,7 поени на најновата ранг листа на Светската фудбалска федерација (ФИФА), објавена денеска.

Ова се должи на тоа што македонската репрезентација во минатите неколку месеци немаше никакви активности.
Од противниците на Македонија за следното издание во Лига на нации (ЛН), Ерменија е на 94-то, Фарски Острови на 135-то, а Летонија на 136-то место.

