
Џудо Федерацијата на Република Северна Македонија оваа година организира Балканско првенство за ветерани/ки што од денеска до 29 октомври се одржува во Прилеп.
На овој настан учество ќе земат ветераните од балканските земји, а претставник од Струга е џудистот Марин Билјаноски.
Земјите учеснички ќе пристигнуваат денес во Прилеп во периодот од 09:00 до 18:00 часот
Акредитацијата ќе се одржи во Хотел Кристал Палас од 12:00 до 18:00 часот
Неофицијалното и Официјалното мерење ќе се одржи во Хотел Кристал Палас.
Неофицијално мерење ветерани/ки 16:00-18:00 часот
Официјално мерење ветерани/ки 18:00-19:00 часот
Ждребот ќе се одржи во Хотел Кристал Палас во 19:00 часот
Првенството ќе се одржи во спортската сала при СОУ„Ристе Ристески – Ричко – Прилеп со адреса на ул. Браќа Миладиновци бр.133, 7500 – Прилеп.
-На сите учесници им посакуваме успех на ова балканско првенство.-стои во објавата на Џудо Федерацијата на Македонија.
Facebook Коментари