Лев банер Десен банер

Марко Пејчиноски доби награда од 100 илјади денари за „Спортска надеж“ од АМС

Марко Пејчиноски кој во вторникот успешно го преплива Охридското езеро доби награда од од Агенцијата за млади и спорт , имено, истата ќе одвои  парична помош и стипендија „Спортка надеж“.

По повод херојскиот подвиг на младиот Марко Пејчиновски кој успеа да го преплива Охридското езеро, денес поднесов иницијатива која беше усвоена при советот на Агенцијата за млади и спорт (АМС), за еднократна парична награда од 100 илјади денари за македонската пливачка надеж, а воедно, АМС ќе му додели и стипендија за млади таленти „Спортска надеж“. Исто така, се обврзавме да обезбедиме стручни лица кои ќе подготват годишна програма за усовршување на Пејчиноски со цел да продолжи да се усовршува и да стане врвен пливач кој гордо ќе ја претставува Македонија.

Со ова АМС испраќа јасна порака до сите млади и надежни спортисти дека државата секогаш ќе биде тука и ќе застане позади нив, зошто секој успех претставува и успех за Македонија.

На крај, упатувам уште еднаш честитки за младиот Пејчиноски и му посакувам блескава кариера. стои во соопштение од АМС,  потпишано од  директорот Дарко Каејвски

Strugaonline

 

error: