Лев банер Десен банер

Машката ракометна репрезентација на Македонија по петти пат на Светско првенство

Машката ракометна репрезентација на Македонија во јануари следната година по петти пат ќе учествува на Светско првенство или девети на големо натпреварување. На мундијалот во Франција резултатот е важен, целта е осминафинале, без разлика на паралелното подмладување и освежување на селекцијата.

rakomet-reprezentacija

Денеска во Маврово почнаа десетдневните подготовки во кои ќе присуствуваат 24 ракометари. Репрезентацијата ќе се комплетира во следните два дена со исклучок на  Дејан Манасков и на Филип Миркуловски кои поради клупските обврски во Бундеслигата ќе се приклучат подоцна.

error: