Машката репрезентација на Македонија загуби од Словенија

- Спорт
180

Ракометната репрезентација на Македонија покажа две различни лица и доживеа пораз од Словенија (26-32) во рамки на квалификациите за Европското првенство кое ќе се игра во 2026 година.

Иако Македонија водеше со шест гола во првиот дел во два наврати, сепак нашите ракометари не издржаа во темпото што сами го наметнаа и на крајот Словенците, кои патем дојдоа во Скопје без 11 ракометари што беа дел од СП, победија убедливо. Следен предизвик за Македонија ќе биде гостувањето во Словенија, на 16 март од 18:30 часот.

StrugaOnline

Facebook Коментари