Маврово е домаќин на третиот ракометен камп во организација на Академија Алушовски

Со почетокот на летото, започнува нова ракометна авантура. Маврово ќе биде домаќин на третиот ракометен камп во организација на Академија Алушовски. Спој на забава, другарување и спортување.Во наредните седум дена камперите ќе имаа можност да ги усовршат своите ракометни вештини.
Врвни македонски експерти ќе споделат мал дел од своите мајстории, а македонските репрезентативци ќе бидат мотив повеќе за младите ракометни надежи.
Живописниот предел на Маврово и хотелот „Спорт“ ќе бидaт домаќини на ново дружење во Маврово.
Извор: Ракометен клуб „Алушовски“/ Strugaonline
Фото: Ракометен клуб „Алушовски“ Facebook

