Лев банер Десен банер

Меморијален турнир „Тоше Проески“ од утре до сабота во Струга

Од утре до недела во СЦ „Тими“ во Струга, ќе се одржи новото издание на меморијалниот турнир „Тоше Проески“.

Во организација на Здружението на ракометни ветерани на Македонија најдобрите екипи од регионот ќе бидат дел од овој турнир, а гледачите ќе имаат можност да уживаат во интересни пресметки на најдобрите ветерани и ветеранки од регионот.

Ќе учествуваат по осум екипи во двете конкуренции поделени во две групи, а по натпреварите по групи, ќе се играат полуфиналните и финалните натпревари. Натпреварите ќе траат 15 минути, а исклучувањата ќе бидат на по една минута.

Во Струга ќе играат повеќе од 180 ракометари и ракометарки од Македонија, Србија, Босна и Херцеговина, Црна Гора, Хрватска, Грција и Романија. Женското финале е од 15:20 часот в сабота, а машкото од 16:00 часот истиот ден.

StrugaOnline

error: