Меморијален турнир во баскет 3х3 во чест на Здравко Танески – Здравче на 10 и 11 август во Струга
На 10 и 11 август ќе се одржи Меморијален турнир во баскет 3х3, организиран во чест на прерано починатиот Здравко Танески – Здравче, со цел да се зачува споменот на човекот кој остави значаен белег во струшката кошарка.
Турнирот ќе се игра на игралиштето „Браќа Миладиновци“, а организаторите ги повикуваат сите љубители на кошарката да се пријават и да бидат дел од спортскиот настан.
Екипите ќе настапуваат во состав 3+1 играч, а пријавувањето е бесплатно. Заинтересираните можат да ги пријават своите тимови на телефонскиот број 078 366 730 (Viber).
Распоредот на натпреварите ќе биде утврден по завршувањето на пријавувањето и ќе зависи од бројот на пријавени екипи.
Целта на меморијалниот турнир е да се зачува споменот на Здравко Танески – Здравче, кој беше долгогодишен кошаркар на КК Црн Дрим, како и кошаркарски судија, оставајќи силен печат во спортскиот живот на Струга.
Организаторите упатуваат покана до сите спортисти, пријатели, поранешни соиграчи и граѓани да присуствуваат на турнирот и заеднички да му оддадат почит на човекот кој беше препознатлив по својата љубов кон кошарката.
Под мотото „Играта нè поврзува, спомените остануваат засекогаш!“, турнирот има за цел преку спортот да ги обедини генерациите и да го зачува сеќавањето на Здравче.
StrugaOnline

