
Mеталург е трето-пласиран на 45-от Интернационален ракометен турнир „Струга 2017“ Во натпреварот за бронзениот медал, Металург беше подобар од составот на Охрид и успеа да победи со 28-33
Најдобар играч во победничкиот тим беше Божо Ангелиќ со 7 постигнати голови, а во тимот на Охрид најдобри стрелци беа Кљаиќ и Димитриевски со по 5 погодоци.


Инаку, првиот натпревар од финалниот ден на турнирот се играше за петто место. Шведскиот тим Алинксас, беше убедливо поуспешен од домаќинот Струга, и петтото место на турнирот го освои со висока предност и резултат 46 – 18
Фото: rkmetalurg.mk
Facebook Коментари