Македонскиот вицешампион Металург повлече потег кога се во прашање засилувањата и од денеска ново име кај нив е поранешниот играч на Металопластика, Адемар Леон, Данкерк и Ал Џазира, Предраг Вејин.
Тој одработи неколку тренинзи со екипита на кои ги задоволи вкусовите на Лино Червар и потпиша договор до крајот на оваа сезона со можност за продолжување на соработката.
– Се надевам дека ќе ја оправдам довербата на тренерот и на тимот и со својата игра ќе придонесам во остварувањето на амбициите на клубот, – рече новиот 24-годишен десен бек на клубот од Металург.
Некога конкуренција на таа позиција е македонскиот репрезентативец Мартин Велковски.
Facebook Коментари