Младите ракометари на Металург ја загубија средбата со Чеховски Медведи. Tие изгубија два бода и сериозно ги намалија своите шанси за освојување на второто место во група.
Металург го одигра својот најслаб натпревар во досегашниот тек на Лигата на шампионите и безмалку им ја даде победата во раце на противниците. Ракометарите, пак, на Чеховски Медведи максимално ја искористија понудената шанса и ги запишаа своите први бодови во актуелната сезона.
Од самиот почеток се виде дека Металург има проблем во сите фази на играта. Во нападот на Металург му требаа 7 минути за постигнување на првиот гол, а во одбраната примаа голови во секој напад на гостинските ракометари, а првата голманска одбрана ја забележавме дури во 27. минута. Ракометарите на Чеховски Медведи рано направија разлика од пет гола, 2:7, која се провлече скоро до крајот на средбата.
Нешто поинаква игра видовме во второто полувреме, во кое Металург вложи многу напор за да го промени резултатот во своја полза. Сепак, и во овој дел Металург најпрво дозволи противникот да поведе со максимални 7 гола разлика, 18:25 во 47 минута. Металург потоа ја нападна мрежата на одличниот Павленко. На крај, се што нашите ракометарии успеаа да направат, е намалување на -3.
Извор: rkmetalurg.mk
Strugaonline
Facebook Коментари