Во второто коло од Лигата на шампионите ракометарите на Металург загубија од екипата на Бешикташ со резултат 27:31 (14:14). Бешикташ доминираше уште во првиот дел од натпреварот, односно во текот на целото прво полувреме. Металург успеа да направи серија од 3:0 за израмнување од 14:14 по првите 30 минути.
Вториот дел од натпреварот започна во знакот на Металург кога успеаа да дојдат и до предност, но следеше нов период на грешки и победата сосема заслужено му припадна на противникот.
Извор и фото: rkmetalurg.mk
Facebook Коментари