Лев банер Десен банер

Младинците ги добија противниците за квалификациите за ЕП!

Македонската репрезентација до 21 година денес ги дозна своите противници за квалификациите за Европското првенство кое во 2019 година ќе се одржи во Италија.

26.01mladi1

Македонија ќе игра во групата 7 каде што фаворит ќе биде селекцијата на Србија, противници на македонските надежи ќе бидат уште и Австрија, Русија, Ерменија и Гибралтар.

На шампионатот директно ќе заминат првопласираните од секоја од групите, а најдобрите четири второпласирани ќе мора да играат бараж за да обезбедат место во завршниот турнир.

Новите членови на младата репрезентација ќе имаат тешка задача да го повторат успехот на своите петходници, со оглед на фактот дека тие во минатите квалификации го донесоа најголемиот успех во Македонија кога фудбалот е во прашање.

26.01mladi2

error: