Лев банер Десен банер

Младинската екипа на РК Струга загуби од кадетите на РК Вардар

Вчера во салата „Јане Сандански“ во Скопје, кадетите на РК Вардар ја пречекаа младинската екипа на РК Струга. Во борбен натпревар, нашите ракометари загубија со резултат 24:20 (11:11).

Стружани натпреварот го започнаа одлично и поведоа со 0:3. Но пресвртот дојде брзо, па домаќините поведоа со 4:3. Потоа, имаше две израмнувања, и првиот дел заврши нерешено со резултат 11:11.

И второто полувреме донесе драматични моменти, а домаќините отидоа на 3 плус во 57-та минута. На крај, славеа со резултат 24:20.

Strugaonline

 

 

error: