МЗТ Скопје без Даниел Кларк наредните три недели

- Спорт
670
Македонскиот кошаркарски првак МЗТ Скопје, се соочува со проблеми откако денешниот лекарски извештај ја потврди лошата прогноза околу повредата на британецот Даниел Кларк.
daniel-clark-mzt
 Крилниот центар доби удар во листот на левата нога на последниот натпревар во еврокупот против Гран Канарија, поради што го пропушти дуелот со Црвена Звезда изминатиот викенд. Кларк ќе биде надвор од терените најмалку во следните три недели, и ќе ги пропушти дуелите со Партизан, Цедевита и Цибона во АБА лигата, негово враќање се очекува дури на средбата против Задар во Скопје кон средината на месец јануари следната година.

Facebook Коментари