На 20 и 21 септември Струга ќе биде центар на трчањето и спортскиот дух

- Локални, Спорт
71

Здружението на граѓани „Дрим Актив“ по првпат го организира спортско-рекреативниот настан „Дрим Ран“, кој ќе вклучи трки на 5 км, 10 км, како и специјална детска трка – „БОГРАД ДЕТСКА ТРКА“.

На 20 септември ќе има БОГРАД детска трка , посветена на поддршката на децата со ретки болести, оваа трка ги мотивира најмладите да бидат дел од спортска приказна со голема хуманост.

21 септември ќе има трки на 5 км и 10 км, трасата води низ живописните улици на Струга и покрај Црн Дрим – трката на 5км е наменета за рекреативци а трката на 10км е  идеална за рекреативци, љубители на трчање, како и поискусни атлети.

Секој учесник добива официјална маичка, стартен број, медал и незаборавно искуство.

Пријавете се сега на www.drimrun.mk.

mail [email protected] / 078 984 110.

Instagram: @drimrun

Биди дел од првиот „Дрим Ран“ – трчај го твојот сон покрај Црн Дрим.

StrugaOnline

Facebook Коментари