Надал против Федерер во осминафиналето на Индијан Велс

- Спорт
782

Роџер Федерер ќе игра во полуфиналето на Мастерсот во Индијан Велс, откако славеше во тенискиот класик против Рафаел Надал. Првиот Мастерс во сезоната ќе добие нов шампион бидејќи победникот во последните три сезони Новак Ѓоковиќ во четвртфиналето загуби од Ник Кирјос.

Швајцарецот Роџер Федерер, во реприза на финалето на Аустралијан Опен, лесно се справи со Рафа Надал и победи во два сета 6:2, 6:3 за само 68 минути игра.

Противник на Швајцарецот во полуфиналето ќе му биде Австралиецот Ник Кирјос кој го елиминира бранителот на трофејот Новак Ѓоковиќ. За речиси два часа игра Кирјос славеше со 6:4, 7:6. Кирјос во краток период два пати успеа да го победи Ѓоковиќ. Австралиецот пред 12 дена славеше во Акапулко.

Facebook Коментари