Најмладите од РШ „Динг“ Струга го освоија турнирот „Метеор 2025“, кој се одржа во Лесковац, Србија
РШ Динг Струга овој викенд настапи на 18тото издание на меѓународниот турнир на Ракометни Надежи „Метеор 2025“, кој од 31 октомври до 02 Ноември 2025 година се одржа во Лесковац, Србија.

На третиот ден, три од три победи за нашите стружани, најпрво победи запишаа генерациите М14 и М16,
потоа во право финале кое заврши нерешено, после изведувањето пенали струшките најмлади ракометари М12 покажаа карактер, и уште еднаш ја победија екипата на Смедерево, и после минатогодишниот сребрен медал, годинава се освојувачи на овој силен меѓународен турнир.
Во серијата седмерци прецизни беа Бебекоски, Милошески и Коцарески, противникот двапати промашуваше, а еден удар одбрани нашиот голман Николовски.
За најкорисен играч заслужено беше прогласен Лука Милошески, а со една година задоцнување и голманот Нектариј Николовски го доби признанието за нај голман на претходното издание.
Големо браво за овие деца и РШ Динг 2021 што во вистинско светло ја репрезентираат Струга и Македонија надвор од нашите граници.StrugaOnline

