На последниот ден на меѓународниот турнир „Метеор“ во Лесковац, пионерите одиграа под своите можности и завршија со пораз во малото финале од Алкалоид од Скопје со 20:15. Најмалата селекција 2012/13 одигра храбро во финалето на турнирот во својата генерација против домаќинот Дубочица, но во финишот загубија со 14:11, и во силна конкуренција го освоија второто место.
„Денес шанса за игра добија сите 38 деца, честитки до нив за се што прикажаа на овој турнир! Се враќаме уморни, но побогати за многу силни натпревари и прекрасни спомени.“ – изјави тренерот на РШ „Динг“, Дејан Коцар.
StrugaOnline
Facebook Коментари