Нашиот Наумче Мојсоски именуван за член во Управниот одбор на РФМ

- Спорт
1025

naumce-mojsovski

Струшката ракометна легенда, Наумче Мојсоски, кој се повлече од репрезентативниот дрес изминатото лето, од денес има нова улога, но сега од поинаков карактер.

На собранието на РФМ, Наумче Мојсоски беше избран за еден од 17 члена во новиот Управен одбор. Речиси сите членови во новиот состав на УО се од поранешната гарнитура и претежно се стопанственици, но има и членови од клубовите, а како најпријатно освежување е името токму на нашиот Наумче.

Наумче како што е познато последниот дуел за Македонија го одигра изминатото лето во јуни на бараж дуелот со Чешка за пласман на Светското првенство во Франција, додека на клупски план последен пат настапуваше за романскиот тим ЦСМ Букурешт.

Во својата играчка кариера го носеше дресот на Струга, Пелистер, Вардар и Металург, а покрај тоа играше и во Романија, Шпанија и во Катар.

Facebook Коментари