Никола Митрески има најголем процент одбранети удари на Европското првенство

- Спорт
693

Голманот на македонската репрезентација Никола Митрески има најголем процент на одбранети удари во досегашнуте натпревари од ЕП во Хрватска. Додека тој бил на голот биле упатени 66 удари, а тој има 28 одбрани.  Ова се 42 проценти успешност со кои голманот на репрезентацијата на Македонија се наоѓа пред конкуренцијата на Листата на голмани со најголем процент така што Митревски се наоѓа пред Винсен Жерар кој има 41 процент.

Микаел Апелгрен од Шведска и Мартин Галија од Чешка имаат 38 проценти на успешност и тие се наоѓаат зад Митревски и Жерард кои се единствени со над 40 проценти на одбранети удари на овој шампионат.

Кога ќе се земат предвид само ударите упатени од игра тогаш процентот на одбрани кај Митревски е поголем. Тој има 43 проценти на одбранети удари од поле, па и во таа категорија се наоѓа на првата позиција, но пред Микаел Апелгрен од Шведска.

Извор: 24rakomet

 

Facebook Коментари