Лев банер Десен банер

Нова сензација во Мелбурн, испадна Енди Мари

Murray

Првиот светски рекет Енди Мари го заврши своето учество на првиот грен слем во сезоната, Аустралијан Опен. Британецот во четвртото коло загуби од Миша Зверев, 50-ти на АТП листата.

Аустралијан Опен во првата недела од турнирот остана без првиот и вториот носител. Откако пред три дена Денис Истомин во пет сета и по пе часа игра го елиминира Новак Ѓоковиќ, во неделата Миша Зверев во четири сета му пресуди на Мари.

Првиот носител немаше одговор за играта на Зверев, кој најчесто ја форсираше сервис-волеј играта и во ниту еден момент не отстапи од тој план.

Зверев на крајот победи 7:5, 5:7, 6:2, 6:4, го мина четвртото коло и го израмни својот најдобар резултат на грен слем турнирите.

error: