Новак Ѓоковиќ е олимписки шампион. Во големото финале на Олимписките игри во Париз, српскиот тенисер го совлада Карлос Алкараз со 7:6 (3), 7:6 (2).
-Имам милијарда емоции кои моментално ми се помешани. Секако дека сум прегорд и пресреќен што и донесов злато на Србија. Тоа ми е можеби и најголем спортски успех во животот-изјави Ѓоковиќ по завршување на мечот.
Ова беа петти Олимписки игри во кариерата на Новак Ѓоковиќ и први во кои играше финале и го оствари сонот за златен медал, кој го чекаше 16 години.
Strugaonline
фото: Новак Ѓоковиќ FB
Facebook Коментари