Новак Ѓоковиќ елиминиран во осминафиналето од Австралија опен, загуби од Хјеон Чунг

- Спорт
1028

Новак Ѓоковиќ е поразен во осминафиналето од Отвореното првенство на Австралија, од страна на Хјеон Чунг од Јужна Кореја со : 5:7, 6:7, 6:7.

Чунг има 21 година и моментално е на 58. место на АТП-листата, но претставува вистинска сензација на ова првенство.  Ѓоковиќ после поразот изјави дека неговиот лакт на десната рака се уште му претставува голема потешкотија и дека е фрустрирачки што и после шест месеци пауза има болки и не е во можност да игра најдобро.

Strugaonline

Фото: архива

Facebook Коментари