Новак Ѓоковиќ со победа го прослави својот камбек

- Спорт
1366

Познатиот тенисер Новак Џоковиќ со победа го прослави својот камбек на теренот. После паузата од шест месеци која ја имаше поради повредата на лакотот, Ѓоковиќ лесно го совлада австрискиот тенисер Доминик Тим со 6-1, 6-4 во рамките од ревијалниот турнир „Кујонг класик“ во Мелбурн.

Со оваа победа Ѓоковиќ ја покажа својата подготвеност за настапот на „Австралија Опен“  од 15 до 28 јануари.

Фото: архива

 

Facebook Коментари