Лев банер Десен банер

Новак Ѓоковиќ се пласираше во финалето на Australian Open 2026

Новак Ѓоковиќ обезбеди пласман во финалето на Australian Open 2026, откако во драматично полуфинале славеше против Јаник Синер по пет сета. Српскиот тенисер уште еднаш ја потврди својата класа и ментална цврстина, изборувајќи се за ново грен слем финале во Мелбурн.

Во меч кој траеше повеќе од четири часа, Ѓоковиќ покажа исклучително ниво на игра во клучните моменти, успевајќи да направи пресврт и да ја завери победата со резултат од 3–6, 6–3, 4–6, 6–4, 6–4.

Со оваа победа, Ѓоковиќ ќе игра во своето 11-то финале на Australian Open, турнир на кој има доминантна историја и бројни титули. Во финалниот натпревар ќе се соочи со шпанскиот тенисер Карлос Алкараз, во дуел кој љубителите на тенисот го очекуваат со големо внимание.

Финалето носи дополнителна тежина за српскиот ас, кој ќе има можност да се бори за јубилејна 25. грен слем титула, што би претставувало уште еден историски успех во неговата богата кариера.

StrugaOnline

error: