Лев банер Десен банер

Објавен официјалниот распоред на настапи на македонските спортисти на Зимските олимписки игри

Македонскиот олимписки комитет го објави официјалниот распоред на настапи на македонските спортисти на претстојните Зимски олимписки игри. Во наредните денови, македонските олимпијци ќе ги бранат боите на државата на најголемата светска спортска сцена, претставувајќи ја Македонија со гордост и спортски дух.

Нашите репрезентативци ќе се натпреваруваат во нордиско и алпско скијање, а распоредот на нивните настапи е следниот:

Нордиско скијање (крос-кантри):
Ставре Јада
– 10.02 во 09:55 часот (Спринт)
– 13.02 во 11:40 часот (10 км)

Ана Цветановска
– 12.02 во 13:00 часот (10 км)

Алпско скијање:
Виктор Петков (Велеслалом)
– 14.02 – Прва трка во 10:00 часот / Втора трка во 13:30 часот

Јана Атанасовска
– 15.02 (Велеслалом) – Прва трка во 10:00 часот / Втора трка во 13:30 часот
– 18.02 (Слалом) – Прва трка во 10:00 часот / Втора трка во 13:30 часот

Од Македонскиот олимписки комитет порачуваат дека спортистите се целосно подготвени за достоинствено претставување на државата и упатуваат повик до јавноста да им даде поддршка и да ги следи нивните настапи.

Македонија повторно има свои претставници на Олимписките игри — да бидеме со нив на патот кон олимпискиот успех.

StrugaOnline

error: