Сениорската машка ракометна селекција на Македонија во недела (11.05.2025 г.), со почеток во 18:00 часот во Спортската сала „Јане Сандански“ во Скопје, ќе го одигра квалификацискиот натпревар за пласман на Men’s EHF EURO 2026 против селекцијата на Литванија.

Продажбата на влезници за натпреварот започнува во петок на 02.05.2025 година во 12:00 часот online на интернет-страницата на МК Тикетс (https://mktickets.mk) а влезници можат да се купат и на сите продажни места на МК Тикетс низ државата.
Продажните цени на влезниците за натпреварот се 200 и 300 денари.
StrugaOnline
Facebook Коментари